Драги пријатели, поддржувачи, корисници, и донатори, ова е долг текст, но нема да зажалите ако го прочитате…
Дојдовме до последниот ден на уште една година.
Ние оваа година:
-Повеќе работевме од што зборувавме,
-Создадовме многу нови услуги и отворивме многу нови врати за децата, затоа што цврсто веруваме дека сите деца имаат право на еднакви можности
-Се збогативме со уште два нови члена во семејството Проект Среќа: Бојана Мандевска, како офис менаџер, главна за документи, фотографии, креатива и се друго што може да се замисли , и Марија Томевска, која од индивидуалец хуманитарец, ја сместивме во нашиот тим како одговорна за работа на терен, донации и хуманитарни проекти. Многу сме среќни што нашиот тим успеваме да го прошириме со луѓе кои неуморно работата за среќа на сите деца!
– Го отворивме првото бесплатно детско драмско студио за деца со помалку можности ,,Неверленд,, на чело со нашата Благица Ристов и игравме многу претстави. Благодариме Општина Центар за поддршката на овој проект!
– Се преселивме во нови интерактивни простории каде ги сместивме сите наши активности.
-Го отворивме првото бесплатно училиште за музика и уметности за деца со помалку можности ,,Гитари Дирки и Свирки,, Благодариме на сите донатори, компании и добри срца кои помаогнаа ова да се роди!
– Имавме прекрасен летен камп , трет по ред, ,,Шарено лето,,-затоа што секое дете треба да има возбудлив летен одмор! – Благодариме Град Скопје за поддршката на овој проект.
– Над 300 деца добија нова комплетна училишна опрема во проектот ,,Среќна Школска Година,,
– Облековме 200 дечиња со големи количини на облека
– За прв пат го одбележивме Денот на среќата, 20 Март!
– Го одбележивме месецот на детето, Ноември, со многу активности, работилници, и разни услуги за децата.
– Децата добија бесплатни курсеви по странски јазици, благодарение на нашата соработка со ,, Da Naucime,,! Благодариме!
-Бесплатни влезници за Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје за сите наши деца, благодарение на соработката со ЗОО Скопје! Благодариме!
-Бесплатна посета на престави во Teatar za deca i mladinci – Skopje, благодарение на нашата соработка со нив!
-Бесплатни лабороториски анализи благодарение на нашата соработка со
,, Avicena Laboratorija,,. Благодариме!
-Храна за оние на кои итно им е потребна благодарение на нашата сорабпотка со Gala Kujna. Благодариме!
– Децата посетуваа Аква Парк, Луна Парк, им славевме и организиравме родендени, им исполнувавме детски желби……..
– И за крај , ја започнавме најголемата до сега, хуманитарна кампања за реконструирање на домови каде живеат деца во тешки услови ,,Топол дом за сите,, , снимавме песна и спот и имаме желба вистински да го истераме до крај тоа…..
Списокот е многу долг на се она кое 2019 направивме заедно со нашите поддржувачи и донатори!
Она кое не успеавме да направиме е да ја подобриме состојбата со општествената одговорност на компаниите, кои со чест на исклучоците, малку и ретко донираат ( кога донираат вработените, тоа не е донација од компанија, тоа ќе мора да го повториме).
Она кое не успеавме да го направиме е да ги убедиме јавните личности да ни се приклучат во создавањето подобар свет за децата, па макар со еден шер на пост, или еден отпеан стих во песна за децата( со неколку вредни исклучоци, кои прифатија учество во песната ,,Новогодишна)….
Она кое останува за 2020 е да создадеме подобри услови за филантропија, да ги отвориме срцата и да станеме подобри луѓе, сите заедно.
Не успеавме да организираме забава за донаторите и вредните хумани срца, кои ни помагаат, иако многу сакавме, но еве до денес, непрестано работиме, и за жал таа желба ќе остане за 2020 година, да се оствари.
Ние можеме и сакаме да направиме многу. Но сами не можеме.
Проект Среќа и сите наши дечиња, 1400 на број, ви посакуваат среќна нова година, и отворени срца полни со љубов во новата!
Денес е 4 роденден на Проект Среќа! Да растеме заедно, среќни, уште долго!