Проект Среќа се приклучи кон иницијативата на #неБидиЃубре, празнично да си го исчистиме ѓубрето!
Вработените и претседателката решија да го исчистат паркингот позади зградата каде што од пред неколку дена се новите простории на здружението. Паркингот е заеднички простор на неколку фирми и беше вистински валкан и запуштен. Наполнивме 6 вреќи ѓубре, најмногу пикавци и градежен шут.