„трка на радоста 2019“ со донација за проектот „Среќна Школска Година“

Детската трка во Битола и Скопје, помина прекрасно, а сите средства од котизацијата за учество беа донирани во проектот ,,Среќна Школска Година,,. Со тие средства обезбедивме 27 комплетни прибори за деца од Битола и околината. Им благодариме од срце на организаторите за хуманиот аспект кој и го дадоа на оваа уникатна трка!