Проект Среќа во претседателската резиденција

За прв пат во историјата, во претседателската резиденција, вчера, деца играа брканица, топка, се радуваа и уживаа. И тоа нашите деца, децата на Проект Среќа, Вашите деца! Првата дама посака да ги пречека и да се дружи со децата, и со тоа да прати една силна и јасна порака, а тоа е дека, секое дете е важно, а претседателската резиденција е отворена за сите граѓани на нашата земја, а не само привилигирани поединци. Прекрасно си поминавме, децата уживаа во едно ново искуство, со нова покана од страна на првата дама, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, следниот пат на кино забава во нивниот дом. Горди сме што борбата во име на нашите и Ваши деца раѓа со плод, но и со разбирање и емпатија кај политичкиот врв на нашата земја, со чија поддршка и помош многу полесно ги реализираме нашите цели!