За нас

Здружение за хумано-општествен развој „Проект Среќа“ - Скопје

Здружението „Проект Среќа“ - Скопје е оформено од Кристина Арнаудова,како основач и претседател, и група граѓани, ентузијасти, филантропи, активни во хуманитарната работа, со сопствени кариери кои им овозможуваат да бидат влијателен глас во општеството во кое живеат, и придонесат за позитивни промени за подобро општество, работејќи на проекти кои влијаат на квалитетот на животот на луѓето во сите сегменти од него, а најмногу на лицата кои се во загрозените групи социјално ранливи категории.

Нека овој свет биде дом за сите!

Целите на здружението се подразбираат и со самото име, хумано-општествен развој и подобро општество за сите. Денес во светот огромен број на луѓе не ги уживаат плодовите на убавиот живот. Живееме во свет на нееднакви можности, свет на гладни, болни, нерамноправни, не информирани, напуштени и заборавени, жртви на предрасуди,свет на војни и бездомни луѓе, свет кој за едните нуди многу, но за голем број од населението ги има затворено вратите.

Ние како здружение, сакаме вратите да бидат отворени за сите, секој да има право на достоинствен живот, секој да има можност да ги ужива плодовите кои светов ги нуди, а тоа можеме да го постигнеме само со подигање на свеста кај целото население од потребата за општествена одговорност, хуманост, филантропија и алтруизам.
„Проект Среќа“ е здружение кое ке претендира да биде коректор на општеството, коректор на законите и институциите секогаш кога тоа ќе биде потребно.

Граѓаните се здружуваат во Здружението ПРОЕКТ СРЕЌА Скопје , заради остварување на поширок општествен интерес, помагање на категориите граѓани на кои им е потребна помош, организирање на образовни форуми, едукации, семинари, акции и кампањи, развивање на меѓуетничките и меѓукултурните односи, преку што се задоволуваат потребите од стручна помош и услуги, вмрежување на различните сектори во општеството како и обезбедување на информации и релевантни студии и анализи од конкретните области.

Конкретните цели и задачи се:

  • Спроведување и развивање на проекти кои потикнуваат и развиваат општествена одговорност, солидарност и хуманост кај населението.
  • Спроведување  и развивање на проекти, едукации, акции, семинари, кампањи и трибини кои ќе го едуцираат и потикнат населението на здрав животен стил и здрави животни навики, а во кои ќе учествуваат експерти како едукатори и предавачи. Преку едукација на родителите и децата до основа за поздрава иднина на едно општество.
  • Спроведување на проекти, акции, семинари , трибини и предавања во областа на културата, уметноста, спортот, дизајнот, зачувување на околината и здравиот животен стил.
  • Анализи и споредбени анализи за развојот на општествената одговорност во нашето општество.
  • Информирање за одредени теми преку едукативни медиумски капањи на темите кои се приоритетни во нашето опкружување.
  • Поттикнување на општествено одговорни акции и однесувања кај јавните личности, и кај одредени групи луѓе кои можат да донираат констатно или периодично онаму каде е потребно, зависно од потребата на заедницата.
  • Помагање и унапредување на животниот стил, едукацијата, забавата и здрави животни навики кај оние категории граќани кои тоа им е отежнато од различни причини, лица со загрозен социјален статус, лица со физичка и ментална попреченост, лица жртви на насилство,самохрани родители, и деца без родитески надзор или деца од социјално загрозени семејства, и лица кои живеат во тешко достапни реони, со спроведување акции, едукации, семинари, трибини, забавни манифестации и сл.

Активностите на Здружението ПРОЕКТ СРЕЌА Скопје се групирани во неколку области:

  • Eдукација и образование,
  • Oпштествена одговорност, солидарност, филатропија и здрав животен стил,
  • Kултура, уметност,спорт и забава.

 Здружението ПРОЕКТ СРЕЌА Скопје своите цели ќе ги остварува преку следните облици и начини на дејствување:

  • Проекти
  • Семинари
  • Настани
  • Акции
  • Медиумски кампањи,
  • Предавања
  • Кампови
  • Волонтирање
  • Настани и манифестации
  • Трибини
  • Печатени материјали.

Претседател на Здружението:
Кристина Арнаудова Петровски

  • Logo Alkaloid
  • Logo Diners
  • Logo Eurolink
  • Logo Evn
  • Logo Senator
  • Logo Tikves
  • Logo Tinex
  • Sunday