Новогодишна акција, каде Дедо Мраз,со кочија полна подароци посетува деца од сиромашни семејства и им носи подароци за Нова година.
Оваа акција е наменета на оние деца кои живеат во тешки услови, и на овој начин сакаме да им покажеме дека убавите мигови постојат, секој треба да сонува и да верува во соништа,да им дадеме на знаење дека не се заборавени, но и дека доброто секогаш на крај победува.
Овој проект го поттикнува целото општество заеднички да го изградиме во посреќно општество,ги поттикнува компаниите на општествена одговорна практика, а поединците ја остваруваат својата желба за филантропија и создавање среќа на оние на кои им е потребна токму на овој начин.