благодарност за успешно реализрана премиера на „Волшебникот од ОЗ„

Дојде моментот да се заблагодариме на сите кои дадоа дел од себе, за се кое ние сонувавме, да изгледа совршено!
Благодарност од срце за гостопримството на Македонскиот Народен Театар и сите вработени,
за вошебната сценографија на Sofija Semenpeeva и агенцијата Effectiva Vizuelna Komunikacija Effectiva, за дел од костимите на дизајнерката Викторија Арсовска, за најубавите плетенки на Дороти и останатите фризури на Милена Милошевска Afrikanski Frizuri – Африкански Фризури, за изработката на дел од сценографијата и поканите на нашите пријатели од Tehnosan, на Дејан Ристов за целиот ангажман и труд низ целиот процес, на Бојана Мандевска која не виде ништо од преставата бидејќи постојано трчаше горе доле !
Веќе традиционално настаните на Проект Среќа се поддржани од нашите пријатели Пелистерка / Pelisterka на што сме им бескрајно благодарни.
Нашите нови пријатели Гала Кујна со кетерингот кој ни го спремија направија вистинска гозба за сите, а рака на срце бевме вистински прегладнети!
Најголемата благодарност оди кај Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ кои ја препознаа и поддржаа нашата визија, и го поддржаа проектот Детско Драмско студио ,,Неверланд,, – драмско студио за деца со помалку можности, и без кои сето ова ќе беше многу потешко. Без сите Вас нема да не има ни Нас, ни сите волшебства кои ги создаваме за децата! Затоа Ви благодариме за големите срца, Ви благодариме што верувате во нас, и Ви благодариме што ги сакате децата! #проектсреќа