започна кампањата за „топол дом за сите„

,,Топол дом за сите,, е новогодишна кампања со која  активно  собираме средства за реконструкција на домови каде живеат деца во најтешки услови. Ќе бидат одбрани  семејства, и објавени наскоро. ЗАТОА ШТО НИЕДНО ДЕТЕ НЕ СМЕЕ ДА ЖИВЕЕ БЕЗ КРЕВЕТ И КРОВ НАД ГЛАВАТА. Броевите за донација се отворени. Ваше е да ни се приклучите и да не поддржите на начин на кој можете. Целата кампања ќе биде максимално транспарентна како и се што работиме. Ова е најголемиот предизвик до сега. Ваков проект со ваков обем не е до сега реализиран во нашата земја, и поддршката од сите вас е неопходна за да успееме во создавањето среќа за многу деца!