Дома

Активности и новости

Проект Среќа секојдневно информира, соработува, критикува и мотивира да се прават напори и промени кон подобар статус на сите деца

Настани и проекти

Дел од активностите на Проект Среќа

Мисија и Визија

Ни едно дете не смее да биде гладно

Подобро образование

За децата со помалку можности

Социјална инклузија

на децата со помалку можности

Подобро неформално образование

на децата со помалку можности

Градење на волонтерско општество
Градење на филантропска свест

и општествена одговорност кај населението и бизнис секторот

Среќата на децата како клуч

за среќно и продуктивно општество

Психолошка поддршка

и менторирање на децата со помалку можности

Асистенција

во секојдневните потреби на децата со помалку можности

Мотивирање и градење

на самодоверба кај децата со помалку можности

Фото галерии

Фото есеи од нашите проекти, хуманитарни и донаторски акции, конференции и акции од јавна одговорност

Претседател и Основач на Проект среќа

Кристина Арнаудова Петровски

Не постои среќно и продуктивно општество, во кое децата се несреќни, и без можности. Токму затоа, создадете среќни и едуцирани деца, за да создадете среќна иднина за сите.
  • Претседателка и основач на Проект Среќа
  • Дипл. Бизнис Администрација
  • Пеачка, композитор, продуцент, борец за човечки права

Слушнете ги децата

Најголемата награда за сето искористено време и енергија се само неколку зборови од искрените усти на децата. Децата не лажат!

Првиот ден кога бев на кампот ,,Шарено Лето,, се запознав со сите деца и бев многу среќен. Бевме на стадионот, игравме игри, се забавувавме, трчавме, игравме со ракометари и кошаркари. Исто така многу ми се допадна и храната во хотелот, Бевме на базен. Исто така и планинаревме. Се запознавме со професионалци луѓе, кои не научија на многу работи. Мене најмногу ми се допадна човекот со животните. Убаво ми беше и кога ја чистевме околината низ хотелот и во Маврово. Прекрасно искуство, кое нема да го заборавам!
Бојан Р.
Проект Среќа,проект кој успева секое натажено лице да го насмее,да го усреќи. Епа вака моето име е Сара. Со дружината на Проект Среќа: Благица, Кристина,Дејан и другите се запознав на нивната конференција т.е. настан кој беше организиран за сите нас –децата. Тука ја запознав и мојата ѕвездичка Благица која иако никогаш порано не немаше видено толку многу ни се израдува што не виде и не изгушка како да нѐ знае со векови.Потоа на сцена излезе и Кристина,мојата муза која одржа толку убав и значаен говор за мене на кој што неможев да се воздржам и заплакав,плачев но не од тага туку од среќа бидејќи постојат луѓе како нив.Продолживме така да се дружиме се до Новата Година и Божиќните празници кога се наоѓавме во многу тешка финансиска состојба и немавме за леб, а не пак за подароци и прослави,но за среќа тие беа тука и успеаа да ми го направат дочекот на 2019 најнезаборавен и најубав до сега во мојот живот.Воедно се договоривме со Благица да се видиме и кога се видовме ептен се гушкавме хах,потоа мојата ѕвездичка ми наполни еден тон подароци алишта и што ти уште не за да однесам дома и да ги израдувам моите.Така и се случи со торбата од Дедоо Мраз исполнета и пресреќна им ја ја пренесов магијата што ми ја пружија и на моите дома.Толку радост среќа солзи и песни, навистина незаборавен ден за мојот живот.Никогаш ама никогаш нема да го заборавам тоа. Ах ама да беше само тоа...ние продолживме да си се дружиме ама еве сега сепак дојде време и за мојата матура,и што да правам ни фустан ни чевли,ништо.Ноо сепак тие едни и единствени,незаменливи и непокорни пак ми излегоа во пресрет и еве сега уште малку и јас сум подготвена.Повторно нема да заостанам од другите и ќе успеам да се издигнам благодарејќи само на нив. Незнам со кои зборови да ви ја пренесам магијата кои тие ми ја пружаат,убавината и спокојството кога си во нивна близина,но само едно нешто ке кажам: Јас проектот Среќа ќе го помнам до крајот на мојот живот.И се надевам дека еден ден ке успеам и јас да станам дел од нивниот тим и заедно ке ги усреќуваме сите деца. Искрено и длабоко од моето срце ви се заблагодарам Проект Среќа и ви благодарам за тоа што потешкиот период од мојот живот го направивте некако најубав и незаборавен.И запомнете во секое лошо има и по нешто добро.А доброто што ми се случи мене е токму ПРОЕКТ СРЕЌА Ви благодарам уште еднаш и ве сакам многуу.
Сара Т.
Проект Среќа ми има многу помогнато, но како посебно искуство би го издвоила детскиот камп ,,Шарено Лето,, На кампот си поминав многу убаво. И многу би сакала повторно да одам. Најмногу ми се допадна друштвото во кампот, сите игри, а исто и наставниците беа многу добри и секогаш се грижеа за нас и даваа се од себе да ни го направат ова лето незаборавно и најубаво. Од срце сакам да им се заблагодарам за се што направија за нас и за цел вложен труд.
Матеа С.

Сакате да ни помогнете?

Вашата помош, ќе им го подобри квалитетот на живеење на огромен број деца, од сите делови на нашата земја, кои живеат во сиромаштија.

Станете и вие!